430
Две толпи во моментов истовремено протестираат во центарот на Битола. Едните против аболицијата на претседателот Иванов, а другите против, како што велат, деструктивните сценарија на опозицијата.
Битолските демонстранти кои изминативе денови протестираа против општата амнестија, од Офицерскиот дом тргнаа кон зградата каде што живее градоначалникот Владимир Талевски.
На другиот крај од Широк Сокак, кај плоштадот Магнолија собрани се членовите на граѓанското здружение ГДОМ, кои застанаа во одбрана на битолскиот градоначалник.
Инаку, во Битола се протестира веќе втора недела, а во вчерашниот инцидент пред општинската зграда беа полесно повредени десетина демонстранти и четворица полицајци.