567
Пеејќи „Мајка на Николчо думаше, стани си сине премиер, да крадеш народ сиромав“, битолските демонстранти вечерва се фатија на оро на Широк Сокак.
Тие во рацете ги држеа и познатите „Владимирки”, банкнота која му ја посветија на градоначалникот Владимир Талевски.
На протестот присуствуваше и актерката Ирена Ристиќ, заедно со нејзиниот придружник на гитара, Тоше Таневски.
„Ние Белизе бенд сме веќе исплатени, му благодариме на Владимир Талески“ – порача Ристич.
Демонстрантите вечерва го офарбаа и киното Манаки, кое Талески го гради на Широк Сокак повеќе од три години.
Фото:СДК.мк