447
Неколкумина демонстранти од Битола, вечерва со герила акција го пречекаа нивниот градоначалник, Владимир Талески, кој се најде на листата на помилувани лица од претседателот Иванов.
Со транспаренти „Долу маските“ и „Честито аболиција“ демонстрантите битолчани го поздравија Талески пред Центарот за култура каде вечерва започна Фестивалот на монодрама.
Бидејќи градоначалникот предвреме го информирале, тој влегол од задниот влез, па демонстрантите останаа да го чекаат да излезе за да му ја дадат „честитката”.
Фото: sdk.mk