Протестот завршува пред Влада: Шарен е крајот!

by Фокус 20:23
20:23

Активностите на иницијативата „Протестирам” на вечерашниот протест, завршија пред седиштето на Државната изборна комисија, чија зграда беше обоена во боите на Шарената револуција.

Дел од демонстрантите од  таму се упатија кон Владата, што предизвика хаос во сообраќајот, бидејќи улиците не беа блокирани за автомобили, па граѓаните се движеа меѓу нив.

- Advertisements -

13140800_10209379578991419_95225308_n

Демонстрантите на денешниот протест порачаа дека нема да прифатат избори се додека не им се стават крај на изборните манипулации. Тие бараат целосно прочистен Избирачки список и исполнување на сите предуслови за фер и демократски избори.

Пред канцелариите на ДИК, граѓаните со шарени бои испишаа „Шарен е крајот“, „Револуцијата е шарена“

Протести  денеска имаше и во Куманово, Штип, Прилеп, Крива Паланка. , Велес, , Тетово, Битола, Струмица, Радовиш и во Гевгелија.

Поврзани новости