Група граѓани денеска протестираше пред општина Битола за оставка на градоначалникот Владимир Талески. Битолчани вечерта ќе ја поминат пред општинската зграда за утре лично од Талески да побараат да си потпише оставка.
-Доколку тоа не се случи веќе од понеделник најавуваме собирање на потписи за граѓанска иницијaтива за референдум на кој би се поставило прашањето за неговото работење, изјави за Фокус Иван Јерчиќ од здружението „За нас се работи“, кое е организатор на протестот.
Како причини за незадоволството од работата на Талески ги наведуваат негрижата за здравјето на битолчани, непочитување на меморандумот за соработка со здружението за следење на загаденоста на воздухот, коруптивниот договор со „Транскоп“, дупките по улиците, стадионот и исечените дрва.
Фото: Тера