Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, денеска рече дека неговата изјава за германскиот весник „Die Zeit“ дека осудените за случајот „Монструм“ невини лежат во затвор е погрешно интерпретирана.
-Најверојатно е грешка во интерпретацијата на самиот новинар. Но сепак, големи сомневања се врзани за овој случај. Тоа го објаснувам јас и во самото интервју и секако со обелоденувањето на вистината за Смилковско езеро или процесот на Владата, Монструм, како што го нарекоа со кривичната пријава, ќе обелодени болна вистина“, рече Заев.
- Advertisements -
Тој додаде дека тие немаат намера да ставаат квалификации, туку да им ја обелоденат вистината на граѓаните.