562
Педесет и осумгодишен битолчанец е осомничен дека повеќе пати сексуално ги злоупотребувал своите три малолетни деца на возраст од 6,8 и 13 години.
-Основното јавно обвинителство Битола донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице на возраст од 58-години, осомничено дека сторило три продолжени кривични дела – Полов напад врз дете кое не наполнило 14 години од чл.188 ст.1 во врска со чл.45 од Кривичниот законик.
Осомничениот, повеќе пати во текот на 2019 година, во семејниот дом во Битола извршил други полови дејствија врз неговите три деца, кои биле на возраст од 13, 8 и 6 години, се вели во соопштението на Обвинителството.
Оттаму додаваат дека на осомничениот му е одреден притвор во тарење од 30 дена.