Секоја општина доби неповратни средства за да покрие 51 процент од пријавените долгови, општините добија на располагање 3 милијарди денари или 50 милиони евра, рече вицепремиерот за економски прашања и потпретседател на СДСМ Фатмир Битиќи за време на денешната посета во Кичево.

-Завршен е патот Колари – Кичево, привршува изградбата на автопатот Кичево –Охрид како и патната делница Кичево-Македонски Брод. Се реконструираат и регионалниот пат Букојчани-Кичево, како и давата крака на улица Струшка. Во тек е изградбата на гасоводната линија Кичево-Охрид. По долги години, се градат градинки се реконструирааат училишта – изјави Битиќи.

Тој додаде дека вложувањата во човечкиот капитал се приоритет во програмите на СДСМ, поради што, според него, довербата во СДСМ постојано расте.