Бислимоски: Воведувањето на целодневна евтина тарифа на струјата е невозможно

by Фокус

Воведување на евтина тарифа во текот на целиот ден е технички невозможно, заради вонредната ситуација во која се наоѓа земјата предизвикана од пандемијата со корона вирусот, вели претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимоски за ТВ 24.

-Оваа идеја во овој момент не можеме да ја реализираме бидејќи едноставно нема ниту технички можност да се реализира, а истовремено огромен број на луѓе би ги довеле во опасност да се шири и понатаму коронавирусот. Над 200.000 броила се наоѓаат во домовите на граѓаните, а за воведување на ефтината тарифа екипите на ЕВН мора да влезат во секое домаќинство и да дојдат до секое броило, што е спротивно на препораките во услови на пандемија – истакна Бислимоски.

Тој посочи дека се разгледуваат можноста за плаќање на сметките на рати, за што веќе се разговара со компаниите.

Поврзани новости