Анѓушев: Сега треба економијата да ја одржиме во живот, а после да ја лекуваме

by Фокус

Економијата сега треба да ја одржиме жива, па после кризата да ја лекуваме, смета довчерашниот вицепремиер за економски прашања Кочо Анѓушев.

-Исто како и пациентите, ние прво треба да ги одржиме живи, а нема да останат значи неповредени, ќе бидат секако повредени… И економијата ќе биде повредена, но да може после тоа да закрепне и да се лекува, бидејќи ако компаниите умрат, да речеме фигуративно, после тоа нема никаков лек на таква состојба – рече Анѓушев за ТВ 21.

Тој истакна дека од 3,7 милијарди евра, колку што е проектиран годинешниов буџет, на државата ќе и фалат дури 2 милијарди евра, кои, според него, мора да се обезбедат од задолжување.

Поврзани новости