САД нуди 15 милиони долари за апсење на Мадуро

by Фокус

Соединетите држави ќе дадат 15 милиони американски долари за информации што водат до апсење на венецуелскиот претседател Николас Мадуро, изјави државниот секретар Мајк Помпео. Помпео ја објави наградата откако Министерството за правда покрена обвиненија против Мадуро, опишувајќи го како обичен злосторник.

„Венецуелскиот народ заслужува транспарентна, одговорна, репрезентативна влада што им служи на потребите на народот – и тоа таква што не ја изневерува довербата на народот со вработување јавни службеници кои се занимаваат со недозволена трговија со наркотици“, се вели во соопштението на Помпео.

Поврзани новости