Марко Бислимоски доби втор мандат како претседател на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги. Тој на денешното продолжение на 120. собраниска седница ја доби поддршката на пратениците.
За членови на ова тело беа избрани Александар Чаботарев, Фатон Амбари и Мерита Дема.
Пратениците од опозицијата искажаа незадоволство од кандидатите предложени за претседател и членови на Регулаторната комисија. Според нив правичната застапеност во Комисијата е нарушена, бидејќи речиси половина од вработените се Македонци и Албанци, а нема ниту еден припадник на други заедници.
Мандатот на претседателот на РКЕ трае пет години.
Собранието ја избра Кети Петкова за член на Советот за јавни обвинители и Спасе Глигоров за директор на Агенцијата за администрација.
Во рамките на седницата беше отворена расправа по предлогот за именување претседател и членови на Советот на експерти на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување.
Собранието претходно одржа и Свечена седница по повод 60 годишнината од катастрофалниот земјотрес што го погоди Скопје.