Основното јавно обвинителство ја објави биографијата на Лилјана Спасовска, новата заменичка на Марко Зврлевски, односно вршител на должноста јавен обвинител, се до изборот на новиот републички јавен обвинител.
„Лилјана Спасовска е родена во Скопје во 1954 година. Основно и средно образование завршила во Скопје. Дипломирала на Правниот факултет во Скопје на 04.01.1977 година.
На 01.03.1977 година започнува да работи како приправник во тогашното Окружно јавно обвинителство – Скопје, а во 1978 година станува стручен соработник во истото обвинителство.
На 01.12.1984 година е именувана за заменик јавен обвинител во тогашното Општинско јавно обвинителство – Скопје. Таа функција ја извршува до 01.04.2003 година, кога е именувана за заменик јавен обвинител во Вишото јавно обвинителство – Скопје.
За јавен обвинител во Јавното обвинителство на Република Македонија е избрана на 01.06.2009 година. Од декември 2013 година ја извршува и функцијата заменик на Јавниот обвинител на Република Македонија.
Во својата кариера учествувала на бројни меѓународни конференции и на стручни советувања во Република Македонија, а извесен период ја извршуваше и функцијата претседател на Управниот одбор на Академијата на судии и јавни обвинители.
Г-ѓа Спасоска е мажена, мајка на две полнолетни ќерки и баба на две внучиња“, информираат од обвинителството.