Јавниот долг пред министрите на денешната владина седница

by fokus

На дневниот ред на денешната владина седница ќе се разгледува информацијата за јавниот и државниот долг, како и повеќе извештаи за работењето на јавни претпријатија и акционерски друштва во државна сопственост, информираат од владината служба з аодноси со јавноста.

Пред министрите на владата денеска се повеќе информации и предлози за одлуки од различни области од економскиот и политичкиот систем, како и точки поврзани со напредок во процесот на европска интеграција, статусот на реализација на приоритетите на РМ за влез во НАТО и за степенот на користење и имплементација на фондовите од ЕУ.

Владата на денешната седница ја разгледува предлог – програмата за својата работа до крајот на декември за тековната, 2017 година.

На денешната седница Владата ќе го усвои предлогот на Министерството за транспорт и врски за измени и дополнувања на Законот за постапување со бесправно изградените објекти.

 

Поврзани новости