Биљали: ВМРО-ДПМНЕ вештачки го наметна идентитетот во преговорите за името

by fokus

Прашањето на идентитетот во минатото не бил предмет на преговори меѓу Македонија и Грција. Нема меѓународен документ поврзан со спорот а во кој како точка за која треба да се преговара е идентитетот на македонскиот народ, вели за ТВ21 универзитетскиот професор и надворешен соработник на Владата, Мерсел Биљали.

Тој вината за вметнувањето на идентитетот како една од темите на преговори ја лоцира кај претходната владејачка гарнитура која вештачки го наметна ова прашање за дневно политички поени.

-Идентитетот никаде, во ниту еден документ не постои дека е предмет за преговори. Тоа е чисто дневно политички причини беше кажано, веројатно тие помислија дека ако се дојде до една ситуација каде мора да се најде решение, тогаш ќе им кажат на луѓето дека може да разговараме за географска одредница, но нема да разговараме за идентитетот, со што практично тие го вметнаа идентитетот како предмет за преговори и разговори, порача Биљали.

Поврзани новости