Луѓето размислуваат за подобар живот и нивните деца тука да останат, а не тоа од каква националност ќе биде премиерот, вели политичкиот аналитичар и професор, Мерсел Биљали во „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“.
„Барањето на ДУИ да се оди со предлог за премиер етнички Албанец и тоа да се постави како некаков услов на албанските политички фактори во Македонија е тема која не треба да се третира до крај. Тоа е крајно несериозно и комплетно ниско. Надвор од секаква логика е и дури и за тие за кои тоа е наменето, со пократко познавање на состојбите. Дури и кај нив таа „стока“ не се продава повеќе. Луѓето размислуваат поинаку, сакаат подобар живот, нивните деца тука да останат, а не приказни премиерот дали ќе биде Македонец или Албанец“, рече Биљали.