Оваа битка можеме да ја добиеме само ако ги почитуваме мерките, вели Спасовски

by Fokus

Бројката на заразени од корона вирусот во Северна Македонија постојано расте во последните неколку дена, што ја загрижува целата македонска јавност.

Премиерот Оливер Спасовски верува дека оваа битка ќе биде добиена – само доколку се почитуваат мерките.

„Сега е најважно, секој од нас, без исклучок, постојано и доследно да ги почитува мерките за заштита.

Вирусот е тука, опасен е, иако е јасно е дека многу мал број граѓани имаат симптоми од него. Но, тука нема правила, секој од нас е под потенцијален здравствен ризик. Затоа, оваа битка можеме да ја добиеме само ако сите без оправдувања ги почитуваме мерките воведени од здравството и епидемиолозите“, рече Спасовски.

Поврзани новости