Четириесет и осумгодишен кавадарчанец починал пред болницата во Кавадарци, откако претходно лежел таму, го навредувал медицинскиот персонал и не дозволил да му се пружи лекарска помош, информираат од МВР.
Според полицијата, во саботата вечерта во 01.10 часот во Полициската станица Кавадарци, од Јавната здравствена установа Кавадарци било пријавено дека пред влезот на установата имало непознато лице во алкохолизирана состојба, кое ги навредувало и одбивало да му се пружи лекарска помош. Околу 01.10 часот кога излегле да видат што се случува со него, забележале дека лицето лежи на земјата без знаци на живот. По извршени проверки констатирано е дека се работи за Ј.М. (48) од Кавадарци.
По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот ќе биде предадено на обдукција.