494
Скопската полиција поднесе кривична пријава против 27-годишен скопјанец поради извршена тешка кражба, информираа од МВР.
Според полицијата, на 22.01.2018 година околу 17.00 часот во автомат-клуб на ул. „Наум Наумовски Борче” во Скопје“ пријавениот, кој претходно бил вработен како обезбедување во клубот, преку задната врата влегол внатре. Потоа, со шифра со која ја знаел од времето кога бил вработен, ја отворил вратата од просторијата во која се чувале пари за дневна игра, и од сефот одзел околу 813.182 денари, по што побегнал од местото.