Кривична за екс градоначалникот на Дебарца, правел сметки на мобилен и по завршувањето на функцијата

by Fokus

Охридската полиција поднесе кривична пријава поранешниот градоначалник на Дебарца за проневера на службата.

Според информациите во полицискиот билтен, на 15.07.2015 година и 11.07.2017 година пријавениот, како градоначалник на општина Дебарца, склучил договори за јавна набавка на мобилни комуникациски услуги со еден мобилен оператор според кои му биле доделени мобилни телефони. Тој не ги евидентирал телефоните во пописните листи и по завршувањето на функцијата не ги раздолжил, со што се стекнал со материјална корист од 241.452 денари на штета на општина Дебарца.

Поврзани новости