Бачев го одбрани името на партијата, а вели ќе го одбрани и името на државата

by fokus

Партијата „Единствена Македонија“ е запишана во регистарот на политички партии под новото име. Од таму велат дека конечно ја добиле битката за името на партијата откако Народно движење за Македонија на седницата на Централниот комитет од 21 јануари годинава донесе одлука партијата да настапува со новиот назив. Меѓутоа, надлежните органи, велат од таму, повеќе од три месеци го одбиваа барањето за упис на новиот назив.

„Притоа се бараше од името на партијата да се избрише зборот „Македонија“. Како и да е, Единствена Македонија функционира со целосен правен капацитет. Воедно, го охрабруваме македонскиот народ, како што го одбранивме името на партијата, ќе го одбраниме и името на државата, бидејќи, новата легална власт на Единствена Македонија има план преку четирите меѓународно правно-признати механизми кои и стојат на располагање на Македонија, да го вратиме името – Република Македонија во Обединетите нации“, велат од таму.

Поврзани новости