Бик уби човек на сточен пазар

by Фокус

Тетовската полиција соопшти дека при истоварање од камион, бик со главата го удрил неговиот 82-годишен сопственик Љ.С. од гостиварското село Врбен.

„Сопственикот се обидувал да го наведе животното да се симне од камионската приколка, но во еден момент тоа со главата удрило во телото на Љ.С. и му нанело тешки телесни повреди констатирани во гостиварската Општа болница „Ферид Мурад”, каде веднаш бил пренесен за укажување лекарска помош. Набргу тој им подлегнал на повредите“, соопшти тетовската полиција.

Поврзани новости