Бибер: Францускиот предлог е катастрофа за ЕУ

by Fokus

Професорот за политика и историја на Југоисточна Европа на Универзитетот во Грац, Флоријан Бибер, во седум точки на Твитер објасни зошто францускиот предлог за почеток на пристапните преговори на Македонија со Европската Унија е „катастрофа за проширувањето“ на ЕУ и не е добар за земјата.

Според него, предлогот „во основа ја прифаќа националистичката логика на бугарската влада, сугерирајќи дека постои проблем со дискриминација на Бугарите во Северна Македонија“.

„Францускиот предлог за откочување на бугарската блокада е катастрофа за проширувањето. Делува дека тој е добар за да му стави крај на ветото, но постигнува малку и носи големи опасности“, вели Бибер, кој важи за одличен познавач на Балканот.

Поврзани новости