Да нема отворање на Уставот, вели Николоски

by Fokus

По денешните разговори меѓу партиите во Клубот на пратениците по однос на преговарачката рамка со ЕУ и францускиот предлог, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски информира дека неговата партија има забелешки.

-Претставивме шест барања за промена на преговарачката рамка. Нашите позиции се многу јасни и точно интервенираме во точни членови и со точни називи. Да нема поделба на правата меѓувладина конференција, односно да нема отворање на Уставот. Ние сметаме дека уставни измени не се потребни за Македонија да почне преговори со ЕУ, изјави  Николоски.

Поврзани новости