Беживотно тело на маж извлечено од Охридското Езеро

by Fokus 13:49
13:49

Беживотно тело на машко лице денеска околу пладне е извадено од водите на Охридското Езеро, во близина на селото Подмоље.

Увид на местото изврши екипа на крим-техника од СВР – Охрид, во присуство на јавен обвинител. Засега не се соопштува идентитет на лицето, а истрагата ќе ги утврди причините за трагичниот настан.

Поврзани новости