Бездомниците го тужеа Сан Франциско, судот им забрани на властите да ги отстрануваат од улиците

by Fokus

Федерален судија привремено му забрани на Сан Франциско да ги отстранува бездомниците од улиците затоа што градот ја прекршил сопствената политика со тоа што не им нуди сместување.

Судот во Оукленд оваа недела издаде итен налог со кој му забранува на Сан Франциско да ги отстранува шаторите и да ги конфискува работите на бездомниците, објави локалниот весник „Сан Франциско хроникл“.

Градот беше тужен од Бездомниците го тужеа градот за да ги спречат градските власти да ги растурат нивните импровизирани населби, главно во парковите, и да ги отстранат индивидуалните шатори од улиците пред да им обезбеди илјадници дополнителни кревети во градските засолништа.

Тужителите – бездомници изјавија дека градската власт не им дала сместување, туку им ги отстранила камповите и неправилно им ги ограбила или ги фрлиле работите, вклучувајќи мобилни телефони, лекови, лични документи, дури и ортопедски помагала.

Аргументите на градот во нивната одбрана биле „целосно неубедливи“, соопштил судот.

Во соопштението, градоначалничката на Сан Франциско, Лондон Брид, ја отфрли одлуката на судот бидејќи смета дека со градовите не може да се управува како што сака и смета судот.

„Веќе имаме премалку ресурси за да се справиме со менталната болест што ја гледаме на нашите улици, а сега ни е кажано да не користиме друга алатка (отстранување на шатори за бездомници) што помага луѓето да се тргнат од улиците во сместување и ги одржува нашите улици безбедни. и чисти за нашите жители.” вели градоначалничката на Сан Франциско

Поврзани новости