Во Австрија десетина луѓе затрупани во лавина

by Fokus

Десетина луѓе љубители на зимските спортови денеска се затрупани во лавина на западот на Австрија, соопшти полицијата.

„Едно лице е спасено, но операцијата продолжува се додека не се пронајдат и извлечат  сите“, соопшти полицијата без дополнителни детали.

За потрагата се мобилизирани хеликоптери и неколку екипи придружувани од кучиња.

Лавината се случила околу 15.00 часот на надморска височина од околу 2.700 метри, во скијачката област Лех Цирц.

Спасувачката служба предупреди на висок ризик од лавини во оваа област, како и во соседен Тирол.

Во Австрија во последниве години во лавини загинаа околу 20 луѓе.

Поврзани новости