521
Во Пунктот за бездомници во Момин Поток, Црвениот крст на Град Скопје денеска ќе го одбележи Светскиот ден на бездомништвото.
Во рамки на одбележувањето за бездомниците ќе биде обезбеден ручек, донација од приватно лице, како и помош во чевли за 70 бездомни лица кои редовно го посетуваат пунктот.
Пунктот за бездомници кој функционира веќе 10-та година нуди повеќе услуги за лицата кои немаат свој дом и има за цел да овозможи тие да ги остварат основните човекови права и да се реинтегрираат во општеството. Тој е финансиски поддржан од Градот Скопје и повеќе компании и граѓани.