734
Бездомник вчера бил најден мртов во објект на поранешна сендивичарница на улицата „Дрезденска“ во Скопје.
Телото на бездомникот било најдено вчера попладне, а лекар на Итна медицинска помош констатирал смрт. Идентитетот на лицето се уште не е познат.
-Се претпоставува дека се работи за бездомник, бидејќи во објектот имало импровизиран кревет. Извршен бил увид на местото на настанот од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопје и по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено за обдукција, соопштуваат од МВР.