Вархељи: ЕУ мора да ги отвори пристапните преговори со Скопје и Тирана

by fokus

За да го зачува својот кредибилитет Европската унија мора да ја забрза евроинтеграцијата на земјите од Западен Балкан и тој процес да биде многу подинамичен, истакна еврокомесарот за проширување Оливер Вархељи на пленарното заседание на Европскиот парламент во Стразбур.

Вархеји нагласи ЕУ мора да ги отвори пристапните преговори со Северна Македонија и Албанија бидејќи двете земји ги исполнија условите што им беа поставени.

Проширувањето на Западен Балкан, според него, може да биде успешно само ако ЕУ ги исполни ветувањата што ги дала, а за тоа е неопходен побрз и  подинамичен процес.

– За време на долгите подготовки и преговарачкиот процес ќе ни биде неопходна многу посилна политичка контрола со максимално учество на земјите членки. Во спротивно ризикуваме јакнење на силите кои би можеле да нанесат штета на преговарачкиот процес, предупреди Вархељи.

Поврзани новости