Полицаец прегазен од камион кај Миладиновци

by fokus

Вчера попладне, полициски службеник бил прегазен од камион кај Миладиновски, скопски, пренесуваат од МВР.

„На 12.02.2020 во 15.30 часот било пријавено дека на влез во с.Миладиновци, скопско, товарно моторно возило „ман“ со радовишки регистарски ознаки, управувано од И.Т.(56) од Радовиш, удрило во полициски службеник, кој извршувал работни задачи. Во незгодата со повреди се здобил полицискиот службеник и бил пренесен во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје“, додаваат од МВР.А

Поврзани новости