Без вода утре ќе останат корисниците на улицата Никола Вапцаров бб до плоштадот Димитрија Чуповски

by Fokus

Од Водовод и канализација информираат дека утре прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на потег од ул. Никола Вапцаров бб, до плоштадот Димитрија Чуповски.

„Ве известуваме дека на ден 26.04.2018 г. поради менување вентил од ф 2“ на ул.Никола Вапцаров бб (општина Центар), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на потег од ул. Никола Вапцаров бб, до плоштадот Димитрија Чуповски од 08:30 часот до завршување на дефектот“ – се наведува во соопштението од Водовод.

 Телефон за информации: 023073010

Поврзани новости