Полицијата добила пријава дека маж со спуштени панталони се самозадоволува на Партизанска

by fokus

Синоќа во полициската станица во Карпош било пријавено дека маж со спутени панталони се самозадоволува пред минувачи на булеварот „Партизански одреди“.

Настанот се случил околу 20.45 часот. 25-годишната Ј.Т. која пријавиле во полиција, рекла дека непознато лице со спуштени панталони се самозадоволува пред присутните граѓани. Во еден момент лицето седнало на клупа на автобуска постојка и ги вознемирило присутните.

Од полицијата велат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Поврзани новости