Собранието доцна вечерва со 65 гласа „за“ и ниту еден против, го избра Оливер Андонов за нов министер за внатрешни работи. На седницата не присуствуваа пратениците од СДСМ.
На гласањето за нов министер му претходеше шестока расправа меѓу пратениците од власта и опозицијата.
За опозицискиот СДСМ ова е апсурден потег на власта, бидејќи како што велат, Андонов нема да може ниту анкетниот лист да го предаде дека станал министер, бидејќи има мандат од еден ден.
Од ВМРО-ДПМНЕ убедуваа дека тоа што денеска го прават е во согласност со уставот и законите и дека со тоа ќе се намалела можноста за непотизам од страна на Оливер Спасовски во МВР.
Инаку, Андонов ќе биде министер само еден ден, бидејќи веќе утре треба да се формира техничка Влада, во која ќе влезат опозициски министри.
Кога ќе се формира новата преодна влада, Оливер Андонов ќе биде дополнителен заменик министер за внатрешни работи, а министер ќе биде Оливер Спасовски од СДСМ.