СДСМ со иста листа на министри и заменици за преодната Влада

by fokus

Централниот одбор на СДСМ ги прифати предлозите на раководството на партијата, за министри и заменици во преодната влада.

На листата остануваат истите имиња како и во претходната техничка влада.

Оливер Спасовки се враќа во МВР, Фросина Ременски во труд и социјала, Кире Наумов како дополнителен заменик во финансии, Љупчо Николовски во земјоделство, Александар Кирацовски во информатичко општество.

Новата влада која ќе треба да ги спроведе изборите на 11 декември, треба да биде избрана утре.

Централниот одбор ја прифати и одлуката на Извршниот одбор за одржување тематски конгрес на партијата при крајот на овој месец, за отворање простор за „широк фронт против режимот на Груевски”.

Вечерва во Централниот одбор на СДСМ влезе и новинарот Мухамед Зекири, кој вчера на социјалните мрежи најави дека се повлекува од новинарството, но не ги откри идните планови.

Поврзани новости