Градежната фирма “Бетон” од Скопје ќе го гради новиот објект на Народната банка на Република Македонија, за 24 милиони евра, јави Призма.
Договорот меѓу НБРМ и „Бетон“ е склучен на 5 октомври, а компанијата е избрана на електронска аукција меѓу седум понудувачи.
Со последниов договор, фирмата на бизнисменот Минчо Јорданов, останува убедливо најзастапен изведувач во рамките на проектот „Скопје 2014“ со 32 објекта и договори во вредност од над 215 милиони евра.
Инаку, новата административна зграда ќе се гради на местото на сегашниот парк зад Министерството за надворешни работи, веднаш до објектот на Македонската опера и балет.
Според најавите, новата зграда на НБРМ ќе биде изведена во стилот на објектите карактеристични за „Скопје 2014“, со столбови, скулптури и псевдо-класичен архитектонски израз