ОБСЕ ќе ги обучувa изборните административци

by fokus

Државната изборна комисија и ОБСЕ/ОДИХР денеска потпишаа меморандум за соработка, со цел подобрување на изборниот процес.

Со него се предвидува, изборните административци да одат на обука која предвидува онлајн тестови, а ќе биде направен и видео-прирачник за едукација на избирачките одбори.

Меморандумот денеска го потпишаа претседателот на ДИК, Александар Чичаковски и шефицата на Мисијата на ОБСЕ, Нина Суомалаинен.

Соработката меѓу ДИК и ОБСЕ треба да ги подобри изборниот процес и оперативните капацитети на комисијата. ОБСЕ ќе ја поддржи работата на ДИК со тоа што ќе ги анализа активностите и ќе помогне при подготовката на извештајот со препораки.

Поврзани новости