Бесплатно зонско паркирање в понеделник, освен на Водно

by Fokus

В понеделник, на Денот на македонската револуционерна борба, Градски паркинг нема да наплатува за паркирање.

Како што соопшти јавното претпријатие, паркирањето нема да се наплаќа на зоните А, Б, Ц и Д.

„Редовна наплата ќе се врши на: Зона А0- Водно, катни гаражи: „Беко“ и „26ти Јули“ и јавните паркиралишта: Кочо Рацин, Треска, Градска Болница, Нова Македонија, АМСМ, Народен фронт и клинички центар Мајка Тереза“.

Поврзани новости