Бесплатен концерт на Ристо Вртев и Македонска филхармонија во Градски парк!

by fokus

Во Градски парк Скопје во понеделник ќе се одржи изданието на „Филхармонија на отворено“, со почеток од 21 часот.

Фронтменот на култниот бенд „Архангел“, Ристо Вртев заедно со Македонската филхармонија, под диригентската палка на Џијан Емин, ќе ги изведе безвременските хитови на бендот кој остана запишан како еден од најеминентните во македонската рок музика.

„Милион долари“, „Везилка“, „Убер Македонише“ се само мал дел од музичкото творештво на Вртев, кој повеќе од три децении важи за ненадминлив на сцената.

Ретко се појавува во јавност, и за него често се вели дека е една од најмистичните појави на домашната музичка сцена. Лани на манифестацијата ,,Златна бубамара на популарноста” доби награда за трајни музички вредности.

Настанот се реализира во соработка со Град Скопје, а влезот е слободен.

Вики Клинчарова

Поврзани новости