Бесплатен автобус за пензионерите секој ден, вети Шилегов

by fokus

Бесплатен јавен градски превоз за сите пензионери во Скопје секој ден во неделата, а не само во вторник и петок, вети кандидатот на СДСМ за нов мандат за скопски градоначалник, Петре Шилегов, вечерва на предизборен собир во Карпош.

Според него, со тоа ќе се спречи метеж во работните денови во градските автобуси за луѓето кои одат на работа или на училиште.

-Исто така, овозможуваме бесплатен медицински транспорт за лицата во трето доба и за лицата со попреченост до здравствените институции во градот. За поголема самостојност и независно функционирање, обезбедуваме ефикасен, безбеден и бесплатен транспорт за нив, вети Шилегов.

Поврзани новости