Група незадоволни германски фармери го блокираа пристаништето во Шлицил и го спречија германскиот вицеканцелар Роберт Хабек да се симне од траектот. како што се наведува, тоа го направиле за да протестираат против намалувањето на државните субвенции за нивниот сектор.
Во блокадата на пристаништето учествуваа повеќе од 100 луѓе, а околу 30 полицајци беа принудени да употребат бибер спреј против демонстрантите.
Хабек беше принуден со друг траект да се симне на копното, а блокадата ја осудија и владините и опозициските политичари.
Непопуларната влада на канцеларот Шолц ги налути земјоделците минатиот месец, кога ги објави плановите за намалување на субвенциите за земјоделците, како дел од напорите за надомест на недостаток на 17 милијарди евра во буџетот во 2024 година.
Земјоделците одговорија со протести во Берлин и повици за нови демонстрации следната недела.