Министерот Фатмир Бисими го прокоментира спортувањето на неколку министри на ДУИ во канцеларијата на вицепремиерот, Артан Груби, настан што предизвика негативни реакции во јавноста. Во интервју за ТВ21 тој кажа дека во минатото играл фудбал и дека после работниот ден, како и секој човек си наоѓа хоби.
„Спортот е добар за здравјето. Јас сум играл фудбал во училиште. Го следев и светското првенство. На крајот од денот кога ќе го тргнам ова одело како министер, станувам обичен граѓанин како и секој. Граѓаните можеби реагираа што не’ видоа во една невообичаена улога. Јас затоа сакам да упатам и порака дека секој министер, премиер, политичар е и обичен човек, и има исти емоции и грешки како и секој човек. Она што е важно е тоа што ние сме 100% посветени на граѓаните, а имаме право да се релаксираме како секој обичен човек“, рече Бесими.