Две лица повредени по сообраќајка, не од сообраќајката туку од тепачката меѓу возачите

by Fokus

Тепачка која настанала меѓу возачите кои се судриле денеска во Скопје направила поголема штета од самата сообраќајна несреќа. 36-годишна девојка се здобила со тешки телесни повреди откако се обидела да ги раздвои возачите. Настрадал и Х.Б. кој воопшто не учествувал во сообраќајната несреќа која се случила денеска во 16.00 часот на улицата „Митрополит Теодосиј Гологанов“.

„Сообраќајната незгода се случила помеѓу патничко возило „пежо 307“, управувано од Н.Д.(42) од Скопје и мотоцикл, управуван од Х.Б.(50) од Скопје, двете со скопски регистарски ознаки. Сопатничката од мотоциклот, А.Г.(36) од Скопје се здобила со тешки телесни повреди констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, за кои во службен разговор со полициски службеници изјавила дека ги здобила од физички напад, откако се обидела да ги раздвои возачите кои физички се пресметувале. Исто така, Т.С., кој бил на местото, но не бил учесник во незгодата, пријавил дека бил физички нападнат од Х.Б.. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот“, велат од МВР.

Поврзани новости