Бесиан Ахмети, внукот на Али Ахмети станал економски промотор во времето на ВМРО-ДПМНЕ

by Fokus

Бесиан Ахмети, внук на претседателот на ДУИ Али Ахмети, првата дипломатска мисија како економски промотор на Макеонија ја имал на крајот на 2016 година, во владата на ВМРО-ДПМНЕ предводена од Емил Димитриев. Ваков податок стои и на неговит линкдин профил.

Оваа информација како документ од седница на Влада не може да се најде, бидејќи во тоа време владата на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ го прогласуваа дневниот ред на владини седници за класифицирана информација за интерна употреба.

Откако ДУИ го смени партнерот во владеачката коалиција, Бесиан Ахмети повторно во мај доби дипломатска функција но во амбасадата во Брисел како прв секретар кој треба да се грижи за привлекување на инвестиции од земјите на Бенелукс или Белгија, Холандија и Луксембург.

Пред да почне со дипломатска кариера Бесиан заедно со братот Дрин, исто така внук на Али Ахмети,  бил директор и сопственик во Еверест ЏД.

Оваа фирма има концесија за минерални суровини во Букојчани и лиценца за мала хидроцентрала во Кичевско.

ВМРО-ДПМНЕ вчера излезе со прашање како овој внук на Али Ахмети за десет месеци напредувал три места во дипломатската кариера, а претходно бил вработен во Министерството за економија.

Министерството за наворешни работи пак во соопштение до јавноста тврди дека соопштенијата на ВМРО-ДПМНР за дипломатската кариера на внукот на Ахмети и споменувањето на МНР во тоа се дел од работата на фабриката за лажни вести на оваа партија.

„Дозволете повторно да реагираме на невистините пласирани од страна на ВМРО-ДПМНЕ, кои не само што имаат тенденциозна намера да ѝ нанесат штета на дипломатијата, туку покажуваат и елементарно непознавање на законските надлежности како и уредбите дефинирани во правилниците за работа на дипломатијата“, соопшти МНР.

Поврзани новости