501
Извори од Движењето Беса информираат дека задутре ќе поднесат барање за интерпелација – отповикување на првиот вицепремиер Артан Груби и оти интерпелацијата ќе им биде доставена на пратениците на ДУИ Изет Меџити и Мерита Коџаџику, објави ТВ 21.
– На 29.септември 2022 година, по средбата со лидерот на ДУИ пратеникот Изет Меџити изјави дека ќе гласа „за“, ако опозицијата покрене интерпелација за Артан Груби. Ова не сме го искористиле како можност досега. Тоа може да го стори и опозицијата. Ако опозицијата го поднесе барањето за отповикување на Груби, тогаш јас ќе гласам „за“, ја пренесува ТВ 21 изјавата на Меџити.