730
Актуелниот пратеник и потпретседател на БЕСА Фадиљ Зендели ќе биде кандидат за градоначалник на општина Гостивар. Тој во обраќањето на собранието на гостиварскиот огранок на БЕСА најави дека ќе работи на организирање на членството и постигнување на добри изборни резултати.
-Целосно сум свесен за потребите и барањата на граѓаните и свесен сум за предизвиците. Но, без сомнение, на 17 октомври, имаме одлична можност заеднички да ѝ дадеме голем поттик на општината за побрз развој и да ја издигнеме. Затоа, овие избори не се само прашање на изборна конкуренција, туку конфронтација на вредности и идеи, стратегии и проекти во подобрување на животот на сите нас што живееме во општина Гостивар – рече Зендели.