Беса: Владејачките партии вработуваат свои роднини, наместо да создадат работни места за граѓаните

by Fokus

Движењето Беса на Биљал Касами ја обвини власта за непотизам, затоа што како што велат, владејачките партии вработуваат свои роднини, наместо да отворат работни места за граѓаните.

„Последните денови во јавноста се шират гласови дека сегашната Влада продолжува да функционира како поранешниот режим преку коруптивни методи и вработување на семејствата на министри, пратеници и други владини функционери. Движењето Беса реагира на овој феномен на непотизам и корупција како земја со резервирано место во НАТО Алијансата, државата мора да работи на владеењето на правото, искоренувањето на криминалот и корупцијата и елиминацијата на непотизмот, но врз основа на трудот на академски и професионални повици

Граѓаните не ѝ дадоа доверба на оваа Влада да ги вработува роднините во институциите каде што платите се два пати повисоки од минималната плата во земјата, а од друга страна секој ден илјадници граѓани ја напуштаат државата, бидејќи владејачките партии во земјата наместо да создадат работни места за граѓаните тие вработуват свои членови на семејствата“, велат од Беса на Биљал Касами.

 

Поврзани новости