„Беса“ со протест против власта

by Фокус
Движењето “Беса“ денеска на мирен  протест ќе побара оставка на владата. Организаторите  соопштуваат дека се работи за сеалбански протест на кој ќе се бара оставка од владата на Груевски и Ахмети, расветлување на сите албански вистини во Македонија и нов договор во државата.
„Сето тоа што се случи во Македонија, после сите објавени „бомби“, правниот систем е паднат и ние сметаме дека на Македонија и е потребен еден нов договор  на сите граѓани. Да отвориме процедура за редефинирање на државата, да започнеме еден процес за една нова, стабилна и развиена држава, каде што Албанците ќе бидат уставотворен  народ во државата“, посочи Африм Гаша, портпарол на движењето „Беса“.
Од таму информираа дека сите граѓани кои ќе се однесуваат согласно правилата за ненесилен протест се добредојдени на денешните протести, кои ќе почнат од Чаир и ќе застанат кај мостот „Гоце Делчев“, од каде ќе се упатат пораки и ќе се одржат неколку говори.

Поврзани новости