Од партијата на Билал Касами, Беса, денеска излегоа со реакција дека „смртта на невиниот Реџаил Ќерими е смрт на правдата во Северна Македонија“.
– Одвлекувањето на политички монтирани случаи и недостигот на правда ја вратија Северна Македонија многу чекори назад. Смртта во затвор на еден од обвинетите во случајот „Алфа“ уште еднаш го покажува непрофункционирањето на правната држава и непоставувањето на правдата на вистинското место.
Смртта на Реџаил Ќерими е смрт за правдата во државата и смрт за оние кои долги години не успеаја да го решат овој случај. Движењето БЕСА цени дека правдата за случајот „Алфа“ треба да биде спроведена за да се остават на мир невините души, реагираше Беса.
Од партијата наедно изразија и сочувство до семејството и пријателите на Реџаил.