БЕСА по средбата со Иванов: Оној кој ќе обезбеди мнозинство, тој ќе формира влада

by fokus

Предмалку заврши средбата на Ѓорѓе Иванов со партијата БЕСА по однос на консултации за кому да му го додели мандатот.

Претставниците на БЕСЕ си заминаа од кабинетот на претседателот и кратко прокоментираа дека: „Топката“ е во Собранието и оној кој ќе обезбеди мнозинство тој ќе формира Влада.

Иванов сега треба да се сретне и со претставници и претседатели на останатите политичките партии кои имаат мандати во Собранието. Како што соопшти Кабинетот на Иванов, во 13 часот треба да почне средба со претставници на „Алијанса за Албанците“, во 14.30 часот со претседателот на ДУИ Али Ахмети, во 16 часот со претседателот на СДСМ Зоран Заев, а во 17.30 часот со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски. На консултации со претседателот Иванов, како што информираат од неговиот кабинет, беа поканети и претставници на ДПА.

 

Поврзани новости